Нова бесплатна апликација за идентификување дезинформации

Сподели

 

Албани асошиејтс, заедно со медиумски организации од регионот, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми, креираше апликација која овозможува во неколку чекори да се идентификуваат дезинформациите, погрешните и штетни информации во земјите од Западен Балкан, со користење онлајн-алатки.

Апликацијата е особено корисна за новинарите кои се соочуваат со сомнителни содржини во секојдневната работа.

Таа е резултат на соработка со регионалната мрежа на независни медиумски организации, со поддршка од Британската Влада. Регионалната мрежа ја предводи Медиацентар Сараево, а во неа учествуваа: Албанскиот медиумски институт, Косовалајф, Македонскиот институт за медиуми, Црногорскиот медиумски институт и Новосадската школа за новинарство.

Апликацијата може да се користи и без интернет врска. Таа е достапна на албански, босански, црногорски, македонски и српски јазик, и може да се преземе од „App Store“, од„ Google Play“, или пак од веб-страницата: disinfo.nimbl.uk

radiomof.mk