МНР: Новиот закон ќе ја реформира и модернизира дипломатската служба

Сподели

 

Министерството за надворешни работи подготвува предлог-закон за надворешни работи со кој се уредуваат надлежноста, организацијата и работата на Министерството.

„Новиот закон има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина модернизација и професонализација, како и приближување кон современите европски дипломатски служби“, пишува во најавата за подготовката објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Се најавуваат јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталите ЕНЕР и е-демократија.