Вести Македонија Ударни вести

Нуредини: Отворени сме за соработка и забрзување на процесот на ревалоризација на НП Маврово

Сподели:

 

Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавната Установа Национален Парк Маврово и граѓанските организации што работат на заштита на природата, на работен состанок, се согласија дека е потребно итно репрогласување на Националниот Парк Маврово.

“Стручните лица од МЖСПП информираа за бројните податоци со кои се располага како резултат на други студии и проекти реализирани во изминатиот период, а претставуваат добра основа за корекција и дополнување на постечките податоци за НП Маврово.

Задоволен сум што граѓанските здруженија, исто така го потврдија својот интерес за што поскоро завршување на овој процес со што ќе се обезбеди подобра заштита на природните вредности, но и ќе се овозможи социо-економски развој на подрачјето.

Во оваа прилика потсетив на фактот дека завршување на процесот на револоризација е услов за донесување на Планот за управување со НП Маврово што е основа за обезбедување на донаторска поддршка. Исто така укажав на важноста од изработка и на Социо-економска студија врз чија основа правилно ќе се трасира социо-економскиот развој на ова подрачје со бројни природни вредности, но и со многу неискористени можности”, изјави министерот Нуредини.

Состанокот беше организиран на иницијатива на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, а во рамки на кампањата Save the Blue Heart of Europe.

Сподели: