Од страна на ОЈО Скопје донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица од Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Од страна на Јавното обвинителство, до Основниот кривичен суд, судија на претходна постапка поднесен е предлог за определување мерки на претпазливост за медицинскиот и за организацискиот директор.
„Мерките опфаќаат забрана за напуштање на живеалиште и претстојувалиште, одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, а за тогашниот медицински директор дополнително е побарана мерка за отстранување од работното место“, кажа Обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска.
Таа изрази благодарност до онколошките пациенти и нивните семејства и ги охрабри да ги пријавуваат сите евентуални злоупотреби на конкретната клиника.
Станува збор за кривично дело измама во службата, за двајцата директори, медицински и организацискиот директор, а за тројцата доктори онколози е за помагање во извршување во предметното кривично дело. За тогашниот медицински директор има и седум кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување.
Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1.817.520 000 или близу 30 милиони евра.