Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка.
Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици.
Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет воопшто не го ни споменуваат зборот со прва буква „о“.
Поддржувачите на „Шарената револуција“, кои денеска почнаа со блокади на крстосниците, ги повторија барањата кои, според нив, се клучни за излез од политичката криза и пак побараа оставка од Иванов.
Меѓу нивните барања е и формирање техничка влада, ослободување на сите притворени демонстранти и одржување на фер избори со прочистен избирачки список.
http://meta.mk/od-kabinetot-na-ivanov-ne-odgovaraat-na-prashana-so-zborot-na-bukvata-o/