Денеска се одбележуваат 12 години од хеликоптерската несреќа, во која загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.
На одбележувањето на хеликоптерската несреќа на спомен обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положат повеќе делегации од Генералштабот, од Министерството за одбрана, од Општина Петровец, Командата за операции, од воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе го одбележат настанот со полагање цвеќе на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.