ОЈО отвори предмет против Дрисла за загадување на животната средина

Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за кривично дело, загадување на животната средина и природата, информираат од таму.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата Дрисла, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, се вели во соопштението на ОЈО.

Депонијата Дрисла во 2012 година требало да добие нова печка, но тоа не се случило од непознати причини, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Нашите претходници пред шест години планирале нова печка за согорување на медицински отпад во депонијата Дрисла, но печката не е набавена. За набавката постои и меница од 700 илјади евра која е нереализирана од за нас непознати причини – рече Шилегов.