Општина Карпош: Да се отстрани нелегалниот верски објект во Злокуќани

Сподели

 

Во врска со нелегалното градење верски објект (минаре) во населбата Злокуќани,  на 8 јануари, инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен.

Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија, информираат од Општината.

Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.