Екипите на Град Скопје изминатиов период уредија и ослободија од возила уште еден јавен простор во Центар. Пешачката патека спроти Соборниот храм којашто беше блокирана за движење на пешаците од паркираните возила сега е преуредена и ослободена од возила на задоволство на граѓаните.
На тротоарите се поставени столпчиња коишто го спречуваат паркирањето на возила, а оштетениот асфалт од патеката е заменет со нов плочик. Во средишниот дел на оваа пешачка патека е засадено зеленило, а ќе се поставени и нова урбана опрема.
Екипите на Град Скопје полека, но сигурно го менуваат изгледот на градот на начин што обезбедува сериозно повисоки стандарди за квалитет на урбаните јавни простори, по стандардите на европско Скопје. Нашите сограѓани заслужуваат подобрување на условите за живот – соопштуваат од Град Скопје.