Османи во работна посета на Грција на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Хеленската Република, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи Николаос Дендиас.

На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.

На агендата на Министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со Претседателот на Хеленската Република Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања МилтијадисВарвициотис.

Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји,стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Република Северна Македонијаво гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.

Предвидено е да се разговараи за политичките актуелности во Регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.