„Шарената револуција“ денеска со нова герила-акција потсети дека остануваат уште пет дена до исполнување на нивните две клучни барања.
Тие пред Уставниот суд ја нацртаа бројката пет и напишаа „СЈО е уставно“.
Едно од нивните барања е Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство.
Второто барање, кое бараат да се исполни до 18 јуни, е да престане прогонот на демонстрантите и да бидат повлечени сите пријави против лица кои протестираат.
Освен тоа, демонстрантите бараат да се формира преодна влада што ќе ги организира изборите и ќе ги спроведе реформите од извештајот на Прибе, формирање на специјално одделение во судот кое ќе ги процесуира случаите на СЈО, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател.
Остануваат уште пет дена, порача „Шарената револуција“ со герила-акција пред Уставен суд