ОСТЕН Павиљонот на С.Македонија на ова Биеналето на современа уметност во Венеција

Сподели

 

ОСТЕН Павиљонот на Северна Македонија претставува најнеочекуваното место на ова Биенале на современа уметност во Венеција („ИЗВЕСТИЯ“, 11 мај 2019, Култура, Сергей Уваров).

ОСТЕН Павиљонот ја претстави Северна Македонија во Палатата Ка‘ Занарди во Венеција со меѓународниот независен проект на уметниците Мице ЈАНКУЛОВСКИ, С. Македонија и Олга ТОБРЕЛУТЦ, Русија – „ТРАНСКОДИРАНИ СТРУКТУРИ – пред и после медиумите во апстракцијата“. Куратор на изложбата е Жолт ПЕТРАНИ, Унгарија (раководител на одделот за современа уметност при Националната галерија на Унгарија во Будимпешта), а куратор-соработник Корнелија КОНЕСКА, С. Македонија (извршен директор на ОСТЕН).

 

 

Во професионалната и пошироката меѓународна јавност проектот беше забележан според три главни карактеристики:

Прво, беше поздравена идејата на ОСТЕН Павиљонот за претставување на меѓународен независен проект во Венеција со што излгува од рамките на националното.

 

 

Второ, идејата, концептот и компатибилноста на соработниците е оценета како исклучителна.

Трето,  отворањето на изложбата беше проследено со огромен интерес од компетентна интернационална публика:

Роберт АЛАЃОЗОВСКИ (Советник за култура во Влада на РСМ), Антониј МАЗНЕВСКИ (уметник, професор на Ликовна академија на РСМ), Зелфир ТРЕГУЛОВА (Директор на државната галерија Третјаков / The State Tretyakov Gallery), Николас ИЛЈИНЕ (Советник на генералниот директор на Државниот музеј Ермитаж / State Hermitage), Милена ОРЛОВА (главен уредник на  Art Newspaper Russia), Александер РИТОВ (Директор на Стела Фондацијата за уметност / Stella Art Foundation), Анастасиа КУРЈОКХИНА (Директор на Центарот на модерна уметност, Ст. Петерсбург), Леонид БАЖАНОВ (Директор на Центарот за современа уметнот во Москва, поранешен министер за култура на Русија), Група колекционери од Саемот за уметност Cosmomoscow, Света КОНЕГЕН (новинар на Радио Слобода), Игор ГРЕБЕЉНИКОВ (писател и новинар на Vouge Magazine and Harper’s Bazaar Magazine), Сергеј ХАЧАТУРОВ (уметнички критичар, Москва), Андреи БАРТЕНЕВ (уметник), Фабио ФОНДА, Претседател на Voland Club, Italy … како и претставници од МСУ Скопје, уметници, професори, галеристи и поширока публика од над 200 посетители.

 

 

За ова сведочат бројна фото документација и афирмативни написи на социјалните мрежи и во респектабилни весници за уметност, како:

Фејсбук статус на НИК ИЉИН (Nic Iljine http://www.iljine.net)
Советник на генералниот директор на Државниот музеј ЕРМИТАЖ
Венеција, 8 мај 2019

Во вторникот навечер во Венеција ја видов изложбата „Транскодирани структури – пред и после медиумите во апстракцијата“ на мојата пријателка Олга Тобрелуц и македонскиот уметник Мице Јанкуловски во палатата Ка’ Занарди, Канереџо 4132.

Црните дела на Мице треба да се гледаат од близина, за да се види суптилната структура и се идеален и силен контраст со експлозивните бои на Олга.

Куратиран од Жолт Петрани и Корнелија Конеска, овој мал дијамант од изложба вреди да се види, со цел да се избегне метежот и вревата на биеналната хистерија.

„ИЗВЕСТИЯ“, 11 мај 2019, Култура, Сергей Уваров:

“Транскодер – пред и по медиумите во апстракција”

Едно од најнеочекуваните места каде е присутен и “Рускиот белег“ на ова биенале е ОСТЕН павиљонот на Северна Македонија, каде што се претставени делата на двајца уметници: нашата Олга Тобрелуц и македонскиот уметник Мице Јанкуловски. Иако нивните дела се чиста апстракција инемаат национална боја, самиот факт на таквиот дијалог е извонреден. Јанкуловски користи исклучиво црна боја, но благодарение на конвексниот релјеф на површината и различната насока на четките, платно буквално сјае со геометриски орнаменти.

Тобрелуц пак се претставени со јаки тонови во кои бојата на сликата е составена од бизарни конусни пипци – како некои природни објекти, на пример, израстоци од инсекти под микроскоп или минерали во една пештера. Сликите предизвикуваат речиси тактилни сензации – сакам да ја ставам раката во групациите, да ги допрам. Интересно, позицијата на формите е определена со компјутерска програма, но техниката на создавање на финалното дело – масло на платно – е класична. Тука може да се забележи дијалогот на традицијата и иновативноста.

(извор: https://iz.ru/876920/sergei-uvarov/priplyli-russkie-muzei-iarko-proiavili-sebia-v-venetcii)

„THE ART NEWSPAPER RUSSIA“, 16 мај 2019, НОВОСТИ • Венецианская Биеннале, Ольга Кабанова:

„Кристализација на спротивности во Венеција“

 

 

Олга Тобрелуц и Мице Јанкуловски со заедничка изложба во ОСТЕН павиљонот на Северна Македонија на Венециското биенале на современа уметност

“Транскодер” е еден вид на матрјошка, каде изложбата постепено ја перцепирате и разбирате. Првиот впечаток е спектакуларен: големи црни монохроматски платна до слики со многу бои, кристали во кружни слики во полирани црни рамки. Тука, се чини, има комплетен контраст на спротивности: монохроматски и разнобојни, правоаголници и кругови, слика и нејзино отсуство, мажествена бруталност и декоративна женственост. Во принцип, Јанг и Јин, само што машкиот принцип е тука црното.

(извор: http://www.theartnewspaper.ru/posts/6940/)