Oсудениот Војминовски за обид за убиство на Села, е во бегство

Сподели

Осудениот Никола Војминовски за обид за убиство врз Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април, е во бегство, соопшти денеска Кривичниот суд.

Од Судот наведуваат дека надлежната полициска станица, која вршела надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена и продолжена на обвинетиот до правосилната пресуда, го известила Судот дека осудениот со неправосилна пресуда, не се придржувал до определената мерка.