Панел дискусијата „Сајбер нападите – предизборно оружје“ ќе се одржи во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион во Градски Парк), четврток, 6 февруари 2020, со почеток во 12 часот.
ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Сајбер нападите – предизборно оружје“ на која ќе стане збор за сајбер нападите врз интернет медиумите и како тие се користат како предизборно „оружје“. На панел дискусијата, панелистите ќе споделат информации и искуства на оваа тема, актуелна во светот и кај нас. Панел дискусијата ќе се одржи во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион во Градски Парк), четврток, 6 февруари 2020, со почеток во 12 часот.
Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“, се дел од прашањата на кои ќе говорат панелистите на ЦИВИЛ, Сашо Орданоски, Јане Ѓорѓиоски и Ермин Климента. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала.
Непосреден повод за оваа тема се зачестените сајбер напади врз интернет медиумите во предизборниот период. Меѓу метите на сајбер напади се и Слободен печат, ЦИВИЛ МЕДИА, како и низа други интернет медиуми.
Како и секогаш, настанот е отворен за јавноста, а присуството на панел дискусијата е можност и за директно вклучување со коментари, сознанија и искуства со сајбер нападите.