Претседателот Стево Пендаровски, денеска на 12 февруари 2020 година, го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот.
На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.