Пендаровски: Имаме капацитет да ја доизградиме државата по европски терк

Сподели

“Верувам дека ако работиме чесно и одговорно, грижејќи се за целото општество, имаме капацитет да си ја доизградиме државата по европски терк. Во првиот мандат се трудев достојно да ја претставам државата пред меѓународната заедница и можам да кажам дека не направив ниту една стратешка грешка.

Само ние знаеме што значи да се бориш за македонските национални државни интереси. Единствена гаранција за нашата перспектива и единствената надеж младите да успеат тука, да просперираат и тука да создадат семејство, е ако сме дел од Западна, развиена Европа. Се стремиме да бидеме како најразвиените земји, да добиеме ум, принципи и вредности врз кои ќе ја уредиме нашата Македонија и таа ќе личи на просечна европска развиена и просперитетна земја.”

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски