Пендаровски на средба со Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, спроведени на 15 јули 2020 година.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со активностите на деветчлената оценска мисија за време на изборниот процес, што поради пандемијата на КОВИД-19 се одвиваше во специфични услови, како и со прелиминарните наоди и заклучоци содржани во извештајот на мисијата.

Заблагодарувајќи се за севкупниот ангажман на оценската мисија, претседателот Пендаровски изрази уверување дека прелиминарните наоди и заклучоци на мисијата ќе послужат на надлежните институции за натамошно спроведување на идните изборни процеси во државата.