Покрај класичната лимонада со вода, цеден лимон и шеќер, постојат неколку малку поразлични рецепти, кои даваат интересeн осврт на познатиот пијалак.
1. Лимонада со босилек
Состојки: Еден исцеден лимон, две лажички шеќер, 3-4 ливчиња босилек, вода и неколку коцки мраз. Се сервира со неколку парчиња лимон.
2. Шери лимонада
Состојки: Сок од еден лимон, две лажички шеќер, 5-6 цреши кои ќе ги измешате во блендер со претходните состојки, а потоа ќе го сервирате во чаша со мраз и газирана вода.
3. Ананас лимонада
Состојки: Половина чаша природен сок од ананас, исто толку и од лимон, и малку вода. Сето ова се меша заедно и се става да отстои во фрижидер за добро да се олади пред да се сервира.
4. Боровинска лимонада
Состојки: Две лажички шеќер, половина чаша сок од лимон, еден исецкан лимон, половина чаша замрзнати боровинки, неколку ливчиња ментол и малку вода. Сите состојки се ставаат и мешаат во бокал, пред да се сервираат.
5. Лимонада со лубеница
Состојки: Една лажичка шеќер, половина чаша вода, четири чаши сок од лубеница, половина чаша сок од лимон (или лајм), две чаши ладна вода и мраз. Состојките се мешаат и откако ќе ги сервирате во 12 чаши, во секоја додајте во една лажичка од пирето што ви останало од цедење на сокот од лубеницата.