„Петарди НЕ, безбедност пред се“ – превентивни активности на МВР

Сподели

 

Вчера на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи беа реализирани низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници.
 
Во рамки на заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се“, беше посетено тетовското Средно земјоделско училиште „Моша Пијаде“. Лекари од оваа клиника во содејство и координација со полициски службеници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово одржаа стручни предавања на кои посебно беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телото. Покрај ова, учениците поблиску беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства. Тие беа информирани и дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.
 
 

Вакви предавања беа одржани и на подрачјето на СВР Охрид, во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга, на кои присуствуваа околу 400 ученици. На територија на СВР Скопје заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија беа спроведени во Спортската гимназија „Методи Митевски-Брицо“, а превентивни активности за штетните последици од употребата на пиротехниката беа спроведени и во ОУ „Гоце Делчев” во населба Илинден, ОУ „Бајрам Шабани” во с.Кондово и ОУ “Дрита“ во с.Рашче.
Предавања на оваа тема беа одржани и во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево, Општинските основни училишта ,,Страшо Пинџур” и ,,Гоце Делчев” во Неготино.