Петицијата за втор референдум во Британија собра над 3 милиони потписи

Сподели

peticija-za-vtor-referendum-uk

Петицијата за одржување на втор референдум во Велика Британија околу членството во Европската Унија до денеска ја потпишале 3 милиони граѓани.

Петицијата за втор референдум беше иницирана во петокот, неколку часа откако резултатите од гласањето претходниот ден покажаа дека 52 наспроти 48 отсто од Британците се изјасниле за напуштање на ЕУ.

Според она што е објавено во прилог на петицијата, од британската влада се бара да одржи уште еден референдум за членството во ЕУ, користејќи го прописот според кој е можно повторно да се постави прашањето пред јавноста доколку ниту една страна не освоила повеќе од 60 отсто од гласовите и ако одзивот бил помал од 75 отсто.

Во меѓувреме Долниот дом на Британскиот парламент соопшти дека ги истражуваат наводите за можни лажни потписи на петицијата.

„Измамите во петициониот систем ги сфаќаме многу сериозно бидејќи таквите случаи го подриваат процесот на парламентарна демократија. Дигиталната служба на владата ги презема сите мерки да ги истражи, и каде што е потребно, да ги отстрани лажните потписи“, било наведено во соопштението на претседателката на комитетот за петиции на парламентот, Хелен Џонс.

Во соопштението се потенцира дека лицата кои ставаат лажни потписи треба да бидат свесни дека со тоа ја поткопуваат каузата што сакаат да ја поддржат.

Петицијата за втор референдум во Британија собра повеќе од 3 милиони потписи