Петровска во Украина за поддршка на украинските граѓани

Сподели

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.

 

 

Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија – Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат.

Министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.