Очекувано по елиминацијата уште во групната фаза од Копа Америка 2016 во САД, бразилската фудбалска федерација нималку не се двоумеше и му врачи отказ на селекторот Дунга.
Дунга беше назначен пред 2 години и требаше да ја врати Бразилската селекција во колосек по срамната елиминација од Германија на Светското првенство, но работите не се одвиваа како што посакуваа бразилците.
Бразил се посрамоти и на Копа Америка откако доживеа елиминација уште во групната фаза од натпреварувањето победувајќи ја само селекцијата на Хаити, загуби од Перу во контроверзниот натпревар и одигра реми со Венецуела.
Фудбалската федерација на Бразил го отпушти и неговиот стручен штаб, а за нов селектор ќе биде назначен Тите кој е тренер на Коринтијанс.
The post По неуспехот на Копа Америка, Бразил му даде отказ на Дунга! appeared first on Спорти.
Source: Sporty