Почина актерот-џин од серијата „Игра на тронови“

Сподели

Почина британскиот актер Нил Финглтон, кој глумеше во една од најгледаните серии во светот, американскиот серијал „Игра на тронови“, јавува Anadolu Agency (AA).

Финглтон, кој во серијата глумеше лик на џин, почина во саботата, на 36-годишна возраст.

Причината за смртта не е позната, а британските медиуми тврдат дека младиот актер починал поради срцева инсуфициенција.

Актерот го играше карактерот „Моќниот маг“ во серијата „Игра на тронови“, а со својата висина од 2 метри и 33 сантиметри во еден период ја имаше титулата „највисок човек во Британија“.

Британскиот актер се школуваше на Универзитетот Северна Каролина во САД, а еден период играше и како професионален кошаркар.

По својата спортска кариера, Финглтон започна со актерство. Покрај „Игра на тронови“, тој имаше улоги и во други серии и филмови, како што се „Доктор Ху“ и „Икс-мен“.

Anadolu Agency