Авторот на познатат драма „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“, Едвард Олби, почина на 88 годишна возраст по кратко боледување. Неговиот помошник потврдил дека уметникот починал во својот дом.
Олби е трикратен добитник на Пулицеровата награда, и без сомнение беше најголемиот американски драматург по смртта на Артур Милер и Аугуст Вилсон.
Неговата кариера траеше 50 години и низ своите дела ја проткајувал втората страна на хуморот, а неговите драми се занимавале со истражување на темната страна на бракот, религијата и американскиот начин на живот. Негово најпознато дело е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ и се занимава со пропаста на бракот, но за оваа драмско оставрување тој не ја добил престижната Пулицерова награда, откако драмата во 1962 година премерно беше изведена на една од сцените на Бродвеј. Имено, советодавниот одбор тогаш одлучил дека Олби не може да ја добие наградата поради пцостите и сексуалните теми.
Драмата потоа беше прилагодена за филмско сценарио, а филмот, со Ричард Бартон и Елизабет Тејлор во главните улоги, беше премиерно прикажан во 1966 година. Во 1996 годиан , Олби е награден со Националната медалја за уметност, што му ја врачил тогашниот претседател ан САД, Бил Клинтон.