Почина легендата Мето Јовановски – глумец над глумците

Сподели

 

Денеска на 77-годишна возраст почина еден од најголемите македонски актери Мето Јовановски.

Мето Јовановски, роден беше 1946 год во с.Панчарево пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

 

 

Јовановски Глумеше во голем број филмови, меѓу кои „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Нечиста крв“, „Пред дождот“, „Прашина“, „Големата вода“, „Тајната книга“, „Деца на сонцето“,  „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“…