Канадскиот пејач, Леонард Коен, поетот чии песни беа дел од рок културата на многу генерации, почина на 82-годишна возраст, се наведува на неговата Фејсбук страница.
„Со длабока тага ве известуваме дека легендарниот поет, текстописец и уметник, Леонард Коен почина“, се вели во соопштението во кое не се изнесуваат детали за причината на неговата смрт.
„Татко ми почина во мир во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој пишуваше до последниот момент со неговата уникатна смисла за хумор“, соопшти Адам Коен.
На социјалната мрежа Твитер, канадскиот премиер Џастин Трудо напиша дека пејачот бил сакан од многумина и ќе им недостасува не само на Канаѓаните, но и на луѓето од целиот свет.
https://www.youtube.com/watch?v=IEVow6kr5nI