Подароци за дечињата од Детската клиника за добро здравје

Сподели

 

“Би сакала и годинава да можевме со дечињата кои се лекуваат на Детската клиника заеднички да споделиме убави желби. Но, разделени сме токму за да го заштитиме нивното и онака кревко здравје. Со желби за брзо закрепнување, на најмалите и најмили им испратив подароци кои накратко ќе го разубават нивното болничко секојдневие.
 
Истовремено, им благодарам на сите здравствени работници на Клиниката за професионалноста и за посветеноста во грижата за пациентите.
 
 
 
 
Деновиве скромни подароци добија и дечињата хоспитализирани во болницата во Козле, децата од СОС Детско село, од здруженијата Проект Среќа, Трисомија 21, ПРКОС и Доза Среќа.
 
На сите деца им посакувам добро здравје, многу насмевки на нивните лица и безгрижно детство” – изјави сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска.