Денеска во Париз полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, на протестот против зголемувањето на цените на горивото и незадоволство од претседателот Емануела Макрон.
Неколку стотици демонстранти се собраа на Шанзелизе, каде што полицијата ги спречи да се упатат кон Елисејската палатата. Некои демонстранти ја пееја националната химна, додека други носеа знамиња и извукаваа: “Макрон, Оставка” и “Макрон, крадец”.
Тензиите се во пораст низ Франција, бидејќи повеќе од 250.000 луѓе од Прованса до Нормандија учествуваа на протестите минатиот викенд. Францускиот министер за внатрешни работи, Христоф Кастенер, повика на мир и најави остри полициски мерки во случај на немири.
Околу 3.000 припадници на безбедносните сили се распоредени само во Париз.
Макрон застана во одбрана на одлуката за зголемување на цените на бензинот, во која се наведува дека оваа мерка е неопходно со цел да се намали зависноста од фосилни горива на Франција и најави дека на почетокот на следната недела ќе претстави нови планови за да се олесни “енергетската транзиција”, пренесува Ројтерс.