Поповски: Владата постави нови стандарди во однос на комуникацииите, транспаретноста и отчетноста

Сподели

Владата постави нови стандарди во однос на комуникацииите, транспаретноста и отчетноста, оцени министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски, кој денеска на прес-конференција се осврна на изминатите сто дена.

На прес-конференцијата, која се поклопува со почетокот на изборната кампања, Поповски истакна дека во изминатиот период од страна на Владата преземени се активности и мерки со цел да се обезбедат фер и демократски избори.