ПОСЕТА НА КОКИНО – 08.ОКТОМВРИ

Сподели

kokino

Посета на Кокино, 08.октомври

Истражете ги древните пејсажи, завладејте од троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години!

Во сабота (08.10.2016), организираме групно поаѓање Скопје – Кокино – Скопје, со автобуски превоз.
Цена на билет: 300 денари
*Вклучен превоз (Скопје – Кокино – Скопје) + влезница за турата на Кокино + Посета на црквата Св. Великомаченик Георгиј + закуска.

Опционално, постои можност за посета на Кокино со сопствен превоз.
Цена на билет: 100 денари.
*Вклучена е турата на Кокино + Посета на црквата Св. Великомаченик Георгиј

Доколку патувате со сопствен превоз, почетокот на турата низ Кокино започнува во еден термин, 12:30 часот, па би ве замолиле за навремено пристигнување.

Поаѓањето со автобускиот превоз е во сабота, 10:30 часот, од Дрво Декор. Би ве замолиле за пристигнување 10тина минути пред тргнувањето за да немаме задоцнувања.
Пристигнување назад во Скопје, околу 16 часот, истиот ден.

Задолжителна резервација на билети на следниот линк, подигнување на билетите на денот на тргнување:
https://goo.gl/4M9re2

Контакт телефон:
Марина – 078 277 467
Дора – 071 329 088