Поставени 8 нови пунктови во 4 скопски општини на ЈП Комунална хигиена

Сподели

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани, денеска го посетија новиот пункт на јавното претпријатие  лоциран во близина на Скопското Кале.

 

 

ЈП Комунална хигиена  постави осум нови пунктови во четири скопски општини, што ќе им обезбедат соодветни услови за работа на вработените коишто секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија.

 

 

Со цел да им се создадат подобри услови при извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир и Шуто Оризари се заменети со нови монтажни објекти.

 

 

Директорот Шабани истакна дека една од нивните најголеми заложби е да им се обезбедат подобри услови на вработените коишто го носат главниот товар во извршувањето на дејноста на претпријатието.