Врз основа на досегашното искуство и успешна соработка, беше и официјално потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и ЈП ЛАЈКА Скопје.
Меморандумот за соработка има за цел воспоставување на соработка на полето ветеринарна медицина односно здравствена заштита и благосостојба на кучињата помеѓу страните потписнички.
Соработката подразбира изведување на лабораториски тестирања, едукација и научна работа од полето на ветеринарната медицина однoосно здравствената заштита и благосостојба на кучињата во Лабораториите и Универзитетската ветеринарна болница на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Прифатилиштето на ЈП Лајка со овој склучен меморандум добива и ексклузивен договор за изведување на тестови за болеста лишманија кои се прават според акредитирана метода признаена од Светската организација за заштита на животните (OIE), каде резултатите од болеста се добиваат за 48 часа од приемот на мострите.