Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. Мирниот протест од страна на МПЦ – ОА, ќе се одржи во Скопје пред Соборен Храм на 29.06.2023 година
Коалицијата за заштита на децата искажува целосна поддршка за протестот против предлог-Законот за родова еднаквост и предлог измените на Законот за матична евиденција организиран од страна на МПЦ-ОА, и ги повикува сите граѓани на Македонија, без разлика на етничка, партиска и верска припадност, да излезат и да кажат СТОП и НЕ на вакви деструктивни закони.
И Македонски концепт ќе биде присутна на овој протест и донесе одлука за целосна поддршка, со кој ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.
Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава – православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост.
Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет.