Пожар во Ковид болница во Романија

Сподели

 

Во болницата во романскиот град Констанца каде се лекувале ковид пациенти избувнал пожар. 

Романските медиуми известуваат дека пожарникарите и полицијата ги вадат јагленисаните тела од дворот на болницата. 

Во болницата, во моментот на пожарот имало 113 пациенти, од кои 10 биле на интензивна нега.

На местото на интервенција биле мобилизирани 10 противпожарни екипи, два ескалатори, две специјални возила за превоз на повеќе жртви, една подвижна болница и девет амбулантни возила.

Утврдено е дека инсталациите за откривање пожар, сигнализација и предупредување не функционирале. Според извештајот, електричните инсталации периодично не се проверувале од сертифицираниот персонал. 

 

https://youtu.be/kKPk6JIo6Jk