Празни супермаркети во Венецуела

Сподели

Претседателот Мадуро го отфрли ултиматумот од неколку европски земји да распише избори, и тие сега се очекува да го признаат Гуаидо за преоден претседател. Кризата се продлабочува а со тоа и страдањата на Венецуеланците.

DW: Празни супермаркети во Венецуела

Ситуацијата во Венецуела станува сѐ подраматична. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи , како што може да се види на оваа #ФотографијаНаДенот направена во супермаркет во главниот град Каракас. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното:  има ориз, леќа и масло – пренсува Дојче веле.