Пред 31 година ја создадовме сопствената парична единица – денарот

Сподели

 

Пред 31 година беше поставена институционалната рамка на монетарниот систем на нашата држава.
 
На 26 април 1992 година, точно на Велигден, Собранието на Република Македонија ја усвои Антиинфлациската програма и пакет законски и други акти со кои се поставуваат темелите на независноста на Народната банка, како и издавањето на сопствената парична единица – денарот.
 
 
 
 
Од богатиот Архив на Народната банка, го споделуваме со вас, непроценливото историско наследство и еден од паметниците за процесот на осамостојување на нашата држава.