Пред новогодишните и божиќните празници засилени се контролите кај сите оператори со храна

Сподели

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна, поради зголемената побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи.

Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите беше ставен на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност бидејќи до Агенцијата за храна и ветеринарство, стасуваа поплаки од граѓани во однос на квалитетот и безбедноста.

Линк до видеото –  https://play.mrt.com.mk/play/580318