Претставата „Секогаш Последни“ е продуцирана од Скоро Театар – Скопје со поддршка на Златен Заб и својата премиера ќе ја доживее следниот понеделник на 18-ти Ноември 2024 годнина, во Домот за култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Скопје.
Во оваа претстава, Виктор и Жарко се играат себе си, како актери кои одат до Прага да прават пост-апокалиптична, дистописка претстава. Прага ко Прага, полна со пиво и забави, малку ги заведува овие порочни актери и ги носи во една сосема поинаква насока, па од егзистенцијална драма претставата се претвора во комедија. Актерите се враќаат назад со празни раце, на празна сцена, со потрошен хонорар, а закажана премиера. Се што им останува сега е да излезат на 18ти Ноември пред полна сала, и да пополнат саат време претстава, како знаат и умеат. Виктор и Жарко ќе го играат напишаниот текст од првично планираната дистописката претстава, но ке вклучат и интеракција со публика, технологија и вештачка интелегенција, сигурно ќе одиграат и некој стенд ап, и се друго што им текнало или ќе им текне – а публиката може да дојдете и да се смее со нив, или да им се смее на нив.
Претставата е реализирана преку резиденцијална мобилност поддржана од Гете Институт и Министерство за култура и туризам. Истата е инспирирана од пристапот на работа чешкот театролог Иван Вискочил.
Играат, режираат и креираат: Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ
Креативен советник: Натали Спасова
Дизајн на постер и морална поддршка: Елена Клековска