Преспанскиот Договор може да биде пример за други договори на Балканот

Сподели

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување смета дека Вашингтон е „интересен“ и и дава поддршка на ЕУ на планот на Западен Балкан, но поминало времето кога бил поактивно ангажиран за регионот, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.

Сепак, еврокомесарот од главниот град на САД порача дека Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција може да доведе до слични други договори на Балканот, како оној на Србија со Косово.

Хан беше во Вашингтон на средби со неговите колеги за дискусии за Блискиот Исток, Украина и Западен Балкан. Токму овој последниот регион доживеа неверојатно ретка ситуација: Разрешување на децениски спор, пишува весникот.

– Мислам дека и ние и САД бевме многу успешно, а САД даде многу голема поддршка за она што сега го нарекуваме Северна Македонија – рече Хан во Вашингтон.

„Западен Балкан се истакнува и по нешто друго. Во војните во 1990-тите и во периодот што уследи, Вашингтон беше во возачкото седиште, а не Брисел. Денес, како што вели Хан, станува збор за спротивното. САД дава многу голема поддршка на ЕУ и во регионот, вели тој, додавајќи: ,Мислам дека тие се многу среќни што сега ние ја имаме главната улога во регионот“, пишува весникот.