Претреси во Сарај – приведени разбојници што краделе од банкомати

Сподели

 

 На 13.декември, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела.

Приведени се четири лица поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали.

Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка, соопштуваат од МВР.