Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.
Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се:
- Африм Гаши, претседател на Собранието,
- Христијан Мицкоски, претседател на Владата,
- Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
- Владо Мисајловски, министер за одбрана,
- Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,
- Џевдет Хајредини,
- Малинка Ристевска Јорданова, и
- Владо Спиридонов.