Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел.
Прифаќањето на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и учество во широка Влада за европски интеграции создава нова шанса, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.
Сега врз основа на новите околности на политичката сцена треба дијалогот да продолжи и да се искористи шансата да се реализира уште една стратешка цел – членството во ЕУ.
СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.