Прилепчани масовно го поддржаа движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”

Сподели

 

 

Вечерва во центарот на Прилеп се одржа собир на прилепчани кои се решени за промени во локалната власт.

 

 

Тие ја поддржаа Коалицијата “Одлучно за промени” предводена од Зелената партија ДОМ и од ЛДП. На собирот свој настап имаше кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Славе Петрески, како и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин и лидерот на ЛДП, Горан Милевски.