Пристигнаа дополнителни 12.870 дози вакцини од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ, која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро, апелираше министерот Филипче.