Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово, кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 144 став 2, како и Полово вознемирување според член 190-а став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, упатувал непристојни пораки со што ја нарушувал нејзината чест и углед и предизвикувал чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв.
По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена