Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски

Сподели

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на вчерашната седница повтори дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат, како што рече, во бесмислена расправа што ја водат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека Зврлевски нема да биде отпуштен од работа, нема да му престане работниот однос, само нема да биде државен јавен обвинител.

На дневен ред на оваа седница се уште 30-тина точки.