Прогласени најуспешните во атлетскиот спорт за 2021 година

Сподели

 

Традиционално и оваа годинава на свечена церемонија Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните и најдобрите атлетичари за 2021 година во младинските и сениорски категроии во машка и женска конкуренција.
 
 

 

За најдобра атлетичарка беше прогласена Дрита Ислами од АК Работнички, која на Европското екипно првенство во дисциплината 400 метри со пречки по втор пат успеа да го собори сениорскиот рекорд и се пласираше на првото место.

За најдобар атлетичар беше прогласен Дарио Ивановски од АК Делта, кој е Балкански Шампион во дисциплината на 3.000 метри во сала и има соборени 10 национални рекорди.

 

За најуспешни млади атлетичари беа прогласени Михаела Лазаровска од АК Центар и Адријан Исмаили од АК Камјани. Кај останатите помладите спортисти признанија добија Ана Божиновска од АК Центар и Владимир Битољану од АК Работнички.

Признание за особен придонес во Атлетскиот спорт за 2021 година кои ги доделува Европската Атлетика:
– Рахман Алија – АК „ Лириа „ – Скопје (тренер), Марија Стојановска – АК „ Делта „ – Скопје (тренер),  Александра Војнеска Зикова (за придонес во развој на Федерацијата), Ана Крстевска (Жена лидер на Европа.)