Промоција на првото меѓународно студентско списание за археологија и историја на уметноста „Axios“

Сподели

 

После неколку месеци на собирање трудови и технички подготовки, првиот број од меѓународното студентско списание за теми од археологијата, историјата на уметноста и културното наследство „Axios”, во издаваштво на Студентското археолошко здружение “Аксиос” од Скопје, ќе биде промовиран во четврток (26 januari) во Салата за седници при Филозофскиот факултет во Скопје со почеток во 12:00 часот.

Првиот број на списанието ќе биде составен од вкупно четиринаесет текстови во авторство на петнаесет студенти од четири различни универзитети од три држави – Македонија, Србија и Германија.

Текстовите опфаќаат голем број на теми, почнувајќи од археолошки рекогносцирања, античка луксузна архитектура и уметност, древни религиозни култови и митолошки концепти, па сé до физичко-антрополошки анализи и употребата на современи дигитални технологии во проучувњето на средновевековни цркви.

Списанието има за цел да ја поттикнува активната истражувачка дејност на студентите кои го изучуваат културниот развиток на човечката цивилизација низ вековите, да ја поттикнува нивната меѓусебна соработка и да претставува медиум преку кој тие ќе можат да ги публикуваат своите први научни размислувања.

Списанието ќе биде достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб-блог на САЗ „Аксиос“, на нивниот Academia.edu профил, на Issuu и на Scribd.

radiomof.mk