Промоција на романот: ПИСМО ЗА ГЛОРИЈА од Живко Грозданоски, издание на Или-Или, 1 март, 20.00, кино Фросина – МКЦ
Промоторка; Фросина Пармаковска
“Романот ‘Писмо за Глорија’ е автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и т р а у м а т и ч н о. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература.
Фросина Пармаковска
Фросина Пармаковска
***
(извадок)
Тогаш почнува да се сеќава, и минатото пред него се отвора како широк пејзаж, панорама што тој ја гледа за првпат. Во свеста му се менуваат слики од минати сцени, и првата мисла (не, тоа е впечаток, импулс) што му доаѓа од некаде и му ја запоседнува свеста е „простете, простете, простете…“ Во каква заблуда бил, толку долго! Сета негова осуда – каков срам! Ќе стигне ли да им се извини на сите? Второто чувство е благодарност: за тоа што гледа, најпосле. Каква приказна: триесет години да се живее во привид.
Сега сака да благодари – да истрча надвор и да им се заблагодари на сите, пред сè на оние кон кои ја истураше тажната заблуда на осудата. Да рече: „простете: и судев и кудев, но не знаев ништо. Но сето тоа било генијално осмислено, за јас да дојдам сега тука, да побарам прошка и да заблагодарам, и најпосле да се влезе во животот.“ Ќе успее ли да ги најде сите, да им се извини, и да им се заблагодари? Обземен од возбудата што нема да го напушти во следните година-две, тој крева рака и на девојката со опавчето ѝ дава знак да му ја донесе сметката. Таа за минутка се појавува пред него, и додека го спушта парчето хартија до шишето пиво, нему вниманието му го привлекува белата картичка прицврстена на нејзината црна маичка: со елегантен фонт пишува „Глорија“. Се поднаежува.„Колку убаво“, си вели.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, ИЛИ-ИЛИ, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.
портрет од авторот: Тони Попов