Во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 мај (среда), со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Сончевина“ од поетесата Марина Цветковска Станковска.
Иако Цветковска Станковска е долго присутна на поетската сцена во Крива Паланка и во земјата со своето творештво, ова е нејзина прва поетска стихозбирка.
Песните се инспирирани од љубовта во сите димензии, тагата, надежта, радоста, од животот, а Цветковска Станковска во стихозбирката говори преку своето поетско јас, односно во прво лице.
Промотор на ова поетско дело е Оливера Станковска, поетеса и креативен уметник од Крива Паланка.
Марина Цветковска Станковска е долгогодишен член на Литературниот клуб „Калин“ при НУ Центар за култура Крива Паланка. Учествувала на многу литературни средби и литературни конкурси, а незината поезија е застапена во поетски збирки и алманаси. Воедно е и креативна уметница и создава дела на огледало кои ќе бидат застапени на промоцијата.
Настанот се реализира во рамките на богатата програма на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“.